Трамп ги ублажува ограничувањата за употреба на марихуана

17

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, веројатно ќе ги ублажи федералните ограничувања за употреба на марихуана на почетокот од следната година, објави денес „Аксиос“.

Според планот, Трамп ќе ја рекласифицира марихуаната, која е забранета според федералниот закон и се соочува со истите ограничувања како хероинот, како помалку опасна дрога.

Рекласифицирањето на дрогата би ги ублажило ограничувањата, би им го олеснило движењето на своите производи на компаниите за канабис преку државни граници и би го намалило даночното оптоварување.

Сепак, потегот на Трамп нема да ја направи марихуаната федерално легална за рекреативна употреба.

Порано оваа година, Трамп потврди извештај на „Волстрит џурнал“ дека размислува за прекласифицирање на марихуаната како дрога од Список III, што значи дека ќе има низок потенцијал за злоупотреба.

Во моментов, таа е дрога од Список I, што значи дека има висок потенцијал за злоупотреба и нема прифатена медицинска употреба.

Според неодамнешната анкета на „Галуп“, 64 проценти од испитаниците во САД ја поддржуваат легализацијата на марихуаната, во споредба со 36 проценти пред 20 години.

ИЗДВОЕНИ