Трамп ги спореди американските воздушни напади врз Иран со атомското бомбардирање на Хирошима

123
EPA/FRANCIS CHUNG / POOL

Доналд Трамп ги спореди нападите на САД врз Иран со одлуката на неговата земја да фрли атомски бомби врз Јапонија во Втората светска војна.

Зборувајќи во Хаг, Трамп рече дека билиони долари се потрошени за борба против нуклеарната програма на Иран, но дека тие не помислиле да го направат она што тој го направи. Тие не се сетиле на тоа, велејќи дека нападот врз Иран е токму причината зошто Иран и САД сега „се сложуваат“, објавува „Гардијан“.

„Но, нели успеавме со тој напад? Тој напад ја заврши војната. Нападите врз иранските нуклеарни постројки ја завршија војната. Не сакам да го користам примерот на Хирошима, не сакам да го користам примерот на Нагасаки, но во суштина е истото што ја заврши таа војна. Ова ја заврши војната меѓу Израел и Иран, ова ја заврши таа војна“, рече Трамп.

Тој додава дека ако не го стореле тоа сега, се уште ќе се бореле.

ИЗДВОЕНИ