Американскиот Федерален суд за меѓународна трговија одлучи дека претседателот Доналд Трамп ги пречекорил своите овластувања при воведувањето глобални царини за увоз и нареди нивно блокирање, што е голем удар за клучниот дел од економската политика на американскиот лидер.
Меѓународниот акт за итни економски овластувања од 1977 година (ИЕПА), кој Трамп го наведе за да ги оправда тарифите, не му дава овластување на претседателот да наметнува тарифи на речиси целиот свет, одлучи советот од тројца судии.
Судот со седиште во Менхетен објави и дека американскиот Устав му дава на Конгресот ексклузивна овластување да ја регулира трговијата со други земји и дека тоа не може да се замени со овластувањето на претседателот да ја заштити економијата.
Сепак, судската одлука не ги засега давачките од 25 отсто кои Трамп ги наложи за увоз на возила, железо и алуминиум.
Администрацијата на Трамп денес поднесе жалба против блокирањето на таканаречените „реципрочни“ давачки.
„Со ова се известува дека обвинетите поднесуваат жалба до Апелациониот суд на САД“, се вели во судскиот документ.