Трамп фатен во лага: Еве што има на снимките за кои тврди дека докажуваат геноцид врз белците во Јужна Африка

338
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Откако американскиот претседател Доналд Трамп, за време на средбата со претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, покажа фотографии и видеа за кои тој тврди дека се докази за масовни убиства на белци во таа земја, се огласи и новинската агенција Ројтерс и го разоткри Трамп.

Имено, Трамп за време на средбата во Белата куќа ги држел испечатените фотографии кои му ги покажал на јужноафриканскиот претседател.

„Сите овие се бели фармери кои се закопани во Јужна Африка“, рекол Трамп.

Сепак, новинската агенција Ројтерс потврди дека фотографиите што ги покажа Трамп всушност потекнуваат од видео што Ројтерс го објави на 3 февруари – но од Демократска Република Конго.

Фотографијата е преземена од снимката снимена од Ројтерс по смртоносните судири со бунтовниците М23 поддржани од Руанда.

Блогот што Трамп му го покажа на Рамафоса за време на состанокот го објави американскиот Thinker, конзервативен онлајн магазин, и беше за конфликти и расни тензии во Јужна Африка и Конго.

„Објавата немаше потпис на авторот, но беше наведено дека е скриншот од YouTube, со линк до видео објавено од Ројтерс“, наведува агенцијата.

За целиот случај се огласи и новинарот на Ројтерс Џафар Ал Катанти, пренесува Klix.ba.

„Тој ден беше исклучително тешко за да влезат новинарите. Морав директно да преговарам со М23 и да се координирам со Црвениот крст за да добијам дозвола за снимање. Само Ројтерс ја има таа снимка. Пред очите на целиот свет, претседателот Трамп ја искористи мојата фотографија – она ​​што го направив во ДР Конго – за да се обиде да го убеди претседателот Рамафоса дека во неговата земја црнците убиваат белци“, рече Катанти.

Во друг момент од средбата, Трамп пушти видео за кое тврди дека ги прикажува гробовите на повеќе од илјада бели фармери, обележани со бели крстови.

Сепак, снимката снимена на автопатот што ги поврзува малите градови Њукасл и Нормандиен во Јужна Африка всушност покажува споменик, а не гробови.

Роб Хотсон, кој го постави споменикот за да го привлече вниманието на јавноста, изјави за Би-Би-Си дека тоа не е гробница.

„Тоа беше споменик. Тоа не беше постојан споменик, тоа беше привремен“, рече тој. Споменикот е поставен по убиството на двајца земјоделци од Африканци во локалната заедница.

Шок во Овалната соба, Трамп го пречека претседателот на Јужна Африка, а потоа нареди да се изгаснат светлата/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ