Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се плаши од САД, но не и од Европа.
Кога го прашаа што треба да направи Европа во врска со Украина, Трамп рече дека Европа направила толку многу за Украина, „но тоа не било доволно“.
„И очигледно е, би рекол, дека претседателот Путин не се плаши од Европа, тој се плаши од Соединетите Американски Држави, кои јас ги водам. Нема страв од Европа“, рече американскиот лидер, објави „Си-ен-ен“.
Кога го прашаа дали би извршил операција во Русија за апсење на Путин, слична на венецуелското сценарио, Трамп рече дека се надева дека тоа нема да биде потребно.
Тој нагласи дека отсекогаш имал одлични односи со Путин, но дека е разочаран од него во врска со решавањето на војната.
Тој оцени дека Европа „станала поинакво место“ и дека „мора да се собере“. „Само ќе кажам – би било убаво кога би постоеле одредени места во Европа кои се важни, а повеќе не се препознатливи поради мигрантите“, додаде тој.
Трамп ја критикуваше миграциската политика на Европа и нејзиното префрлање кон зелена енергија, истакнувајќи дека „тие поставуваат ветерници насекаде и губат богатство“.












