
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно ги критикуваше Европа и лидерите на Европската Унија (ЕУ), велејќи дека тоа е „пропаѓачка група земји предводени од слаби луѓе“.
– Не мислам дека знаат што да прават. Европа не знае што да прави – рече тој, но ги пофали Унгарија и Полска за нивните успеси со миграцијата, додавајќи дека е пошироко загрижен за Европа затоа што „дозволува луѓето да влегуваат, неконтролирано, без проверки“.
И покрај отпорот од ЕУ, Трамп, исто така, повтори дека ќе биде подготвен да ги поддржи европските лидери на домашните избори, нагласувајќи дека го поддржал Виктор Орбан. Тој, исто така, предупреди дека Европа ќе стане „многу послаба“ како резултат на миграцијата, „бидејќи луѓето што доаѓаат имаат сосема поинаква идеологија“. Рече и дека нема многу надеж во врска со учеството на Европа во мировните преговори за Украина, бидејќи „тие разговараат, но не носат резултати, а војната едноставно продолжува бесконечно“.











