Трамп е „TATO“ и за Белата куќа: Објавено ВИДЕО по изјавата на шефот на НАТО

106

Белата куќа, во објава на мрежата X, го усвои прекарот „Тато“ за претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, откако генералниот секретар на НАТО Марк Руте го употреби терминот за време на самитот во Хаг.

На објавата пишуваше „куќата на тато“, заедно со видео во кое се појавува Трамп, придружено со песната „Hey Daddy (Daddy’s Home)“ од пејачот Ашер, објави Ројтерс.

Руте го употреби терминот во неформален коментар, велејќи дека понекогаш „тато мора да користи остар јазик“ за да ги натера сојузниците да престанат со непожелното однесување, како одговор на изјавите на Трамп за Иран и Израел.

Руте за Трамп: „Тато понекогаш мора да користи остар јазик“

ИЗДВОЕНИ