Трамп е скептичен во врска со можноста Украина да ги поврати окупираните територии

20
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази скептицизам во врска со можноста Украина да ги поврати своите територии што ги освои Русија во војната, пишува Гардијан.

„Тие сè уште можат да ги освојат. Мислам дека нема. Сè уште можат да ги освојат. Никогаш не реков дека ќе ги освојат. Сè може да се случи. Знаете, војната е многу чудна работа“, рече Трамп на средбата со австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Скептицизмот на Трамп во врска со украинската победа доаѓа неколку дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Во таа прилика, Трамп се чинеше понаклонет да преговара за мировен договор отколку да ја снабдува Украина со крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел.

Трамп им пореча на Украина и Русија „веднаш да ја прекинат таа војна“.

Ова е уште една промена во ставот на Трамп во врска со шансите на Украина во војната. Уште во септември, Трамп изрази верување дека Украина може да ги врати сите територии заземени од Русија.

Американските медиуми потсетуваат на изјавите на Трамп од претседателската кампања во 2024 година, но и од почетокот на неговото претседателствување, дека Украина ќе мора да се откаже од териториите што Русија ѝ ги украде за да ја запре војната.

ИЗДВОЕНИ