Трамп е подготвен за директен разговор со Мадуро кого го нарече „наркотерорист“

29
EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Американскиот претседател Трамп им кажал на своите советници дека планира директно да разговара со Николас Мадуро, иако САД во понеделник го означија венецуелскиот претседател за лидер на терористичка организација, изјавија претставници на администрацијата за „Аксиос“.

Одлуката е голема пресвртница во неговата дипломатија кон Венецуела и може да сигнализира дека американските ракетни напади или директна воена акција на терен не се неизбежни, велат изворите.

„Никој не планира да влезе, да го застрела или да го киднапира – во овој момент. Не би рекол никогаш, но тоа не е планот во моментов“, рече еден функционер запознаен со дискусиите.

„Во меѓувреме, ќе ги уништиме бродовите со дрога. Ќе ја запреме трговијата со дрога.“

Најмалку 83 лица се убиени во 21 одделни ракетни напади врз бродови за кои постои сомневање дека се занимаваат со трговија на дрога за време на американската воена операција во Карибите, наречена „Операција Јужно Копје“.

Веста за подготвеноста на Трамп да разговара се совпаѓа со одлуката на Стејт департментот во понеделник да го означи наводниот нарко-картел во Венецуела како „странска терористичка организација“, давајќи им на САД поширока правна основа за воена акција во и околу јужноамериканската земја.

Официјално, „Јужно Копје“ е операција за забрана. Неофицијално, станува збор за промена на режимот во Каракас, според Аксиос.

„Постојат тајни операции, но тие не се дизајнирани да го убијат Мадуро. Тие се дизајнирани да ја спречат трговијата со дрога“, рече функционер на Белата куќа. „Но, ако Мадуро си оди, нема да пролееме ни солза“.

ИЗДВОЕНИ