
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша проглас со кој дополнително се ограничува влезот на странски државјани во Соединетите Американски Држави, објави денес Белата куќа.
Соединетите Американски Држави воведоа целосни ограничувања за влез на граѓани од пет земји – Буркина Фасо, Мали, Нигер, Јужен Судан и Сирија – покрај првичниот список од 12 земји, објави Белата куќа, пренесе „Ројтерс“.
Во соопштението се наметнати и целосни ограничувања за лицата кои поседуваат патни документи издадени од Палестинската самоуправа, пренесува „Танјуг“.











