понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Трамп доби покана за посета на Русија: Путин сака средба во Москва

Трамп доби покана за посета на Русија: Путин сака средба во Москва

40
EPA/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Анкориџ доби покана да ја посети Русија, изјави за ТАСС заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

– Секако, претседателот Трамп беше поканет да ја посети Руската Федерација – рече Рјабков, коментирајќи го предлогот на рускиот претседател Владимир Путин по таа средба, следната средба да се одржи во Москва.

Рјабков додаде дека оваа идеја оттогаш не добила никаков практичен развој.

– Како и со другите точки на контакт меѓу претседателите на Русија и САД, нашиот став е цврст: прво содржината, а потоа договорот за местото – рече заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

ИЗДВОЕНИ