недела, јануари 18, 2026
Дома СВЕТ Трамп доби Плоштад во Украина

Трамп доби Плоштад во Украина

86
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Градскиот совет на Чернигов одлучи да му даде ново име на поранешниот плоштад „Бајка“ (Сказка), во „Плоштад Трамп“. Како што објави украинскиот портал Strana.ua, оваа одлука беше претставена како „знак на благодарност, надеж и отвореност кон светот на херојскиот град Чернигов“.

Според објаснувањето на локалните власти, новото име треба да симболизира поддршка за украинско-американското партнерство и „нова ера во односите со Вашингтон“, откако Доналд Трамп постојано повторуваше дека е „време за мир и крај на војната“.

Сликата на благодарност кон Вашингтон не е нова. Во 2009 година, поранешниот американски претседател Бил Клинтон свечено откри споменик за себе во Приштина, со аплаузи и транспаренти со натпис „Ви благодариме, САД“.

Во Чернигов, Украинците испраќаат слична порака – благодарност и надеж дека Америка повторно ќе биде таа што ќе одлучи за нивната судбина, пишува Политика онлајн.

ИЗДВОЕНИ