Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека се очекува објаснување за тоа што мислел американскиот претседател Доналд Трамп кога зборувал за американско тајно оружје за кое никој не знае.
„Во овој случај, веројатно ќе мора да слушнеме појаснувања за тоа што точно мислел американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.
Трамп претходно во интервју за „News Nation“ изјави дека Соединетите Американски Држави имаат оружје за кое никој не знае.
„Имаме оружје за кое никој не знае и велам дека веројатно е најдобро да не зборуваме за тоа, но имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.












