Трамп бара да се истражат врските на Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи го и Бил Клинтон

54
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе побара од државниот обвинител Памела Бонди да ги истражи врските на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи ги и некои од неговите наводни политички противници.

– Ќе побарам од државниот обвинител Пем Бонди и Министерството за правда, заедно со нашите големи патриоти во ФБИ, да ја истражат вмешаноста и врската на Џефри Епштајн со Бил Клинтон, Лари Самерс, Рид Хофман, Џ.П. Морган и Чејс, и многу други луѓе и институции, за да утврдат што се случило со нив и со него – напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Трамп ги обвини демократите дека се обидуваат да го одвлечат вниманието од сопствените политички неуспеси користејќи го случајот Епштајн како средство за напад врз републиканците. Тој изјави дека ова е „уште една измама“ како онаа со руско влијание на претходните избори, „каде сите стрели покажуваат кон демократите“. „Записите покажуваат дека овие луѓе, и многу други, поминале голем дел од својот живот со Епштајн и на неговиот „Остров“, истакна Трамп.

ИЗДВОЕНИ