Трамп: Ѝ помагам на Украина и за да одам во рајот

76
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека еден од неговите мотиви за неговото вклучување во Украина бил личен – „желба да оди во рајот“. Изјавата предизвика многу реакции откако беше потврдена од портпаролката на Белата куќа Каролина Ливит на брифинг за медиумите.

Претходно во разговор за „Фокс њуз“, Трамп рече: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно од смрт, мислам дека тоа е прилично… Сакам да се обидам да одам во рајот ако е можно, слушнав дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на скалата. Но, ако можам да одам во рајот, ова ќе биде една од причините“.

Кога беше прашана за таа изјава, Ливит им рече на новинарите во Белата куќа: „Мислам дека претседателот беше сериозен. Претседателот сака да оди во рајот, како што се надевам дека и сите во оваа просторија го сакаат тоа.“

Во последните денови, администрацијата на Трамп води интензивни разговори со Русија, Украина и европските сојузници за мировните преговори и безбедносните гаранции за Украина. И додека Трамп повторува дека американските сили нема да одат на терен, неговата портпаролка денес ја покрена можноста за американско присуство во воздух како дел од безбедносните аранжмани.

ИЗДВОЕНИ