Трамп ѝ се закани на Венецуела: Ќе платите неопислива цена ако не ги прифатите „затворениците и луѓето од психијатриските установи“ од САД

92
Фото: EPA

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера побара од венецуелските власти да ги вратат „затворениците и луѓето од психијатриските установи“ кои, како што тврди, владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги испратила во САД.

„Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од психијатриските установи, вклучувајќи ги и најлошите ментални болници во светот, кои биле насилно префрлени во САД од страна на венецуелското „раководство“. Илјадници луѓе се сериозно повредени, па дури и убиени од овие „чудовишта“, напиша тој на својата платформа Truth Social.

Американскиот претседател рече дека во спротивно Венецуела ќе плати „огромна цена“.

„Извадете ги од нашата земја веднаш, или цената што ќе ја платите ќе биде неизмерна“, рече американскиот претседател.

ИЗДВОЕНИ