четврток, февруари 12, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Трагично настрада Феликс Баумгартнер, човекот кој „скокна со падобран од работ на...

Трагично настрада Феликс Баумгартнер, човекот кој „скокна со падобран од работ на вселената и преживеа“

787
Фото:википедија

Човек кој скокна со падобран од вселената и преживеа, почина 13 години подоцна додека летал со параглајдер на јадранскиот брег.

Австрискиот екстремен атлетичар Феликс Баумгартнер починал денес на 57-годишна возраст во несреќа што се случила во одморалиштето Порто Сант’Елпидио на јадранскиот брег, објави римскиот весник „Ла Република“.

Баумгартнер летал со параглајдер кога одеднаш ја изгубил контролата врз леталото – веројатно поради ненадејно чувство на слабост, можеби срцев удар.

Тој паднал во хотелски базен врз жена, која била повредена. Првичните извештаи покажуваат дека нејзината состојба не е сериозна.

Според неофицијални информации, Баумгартнер веќе бил мртов во времето на падот, но тоа сè уште не е потврдено.

Екстремниот атлетичар станал меѓународно познат по своите спектакуларни скокови. Во 2012 година, тој испиша историја кога се искачил во стратосферата со хелиумски балон, а потоа скокна назад на Земјата.

ИЗДВОЕНИ