Трагична сообраќајна несреќа во Перу: Најмалку 37 луѓе настрадаа откако автобус се урна во провалија

24

Најмалку 37 луѓе настрадаа, а 24 се повредени утрово кога автобус се урна во провалија по судар со пикап во Арекипа, на југот на Перу, соопштија локалните власти.

Несреќата, една од најстрашните што се случиле во Перу во последните години, се случи рано изутрината на Панамериканскиот автопат „Југ“, кој го поврзува регионот со Чиле.

„Со жалење известуваме за37 смртни случаи и 24 повредени“, наведоа за „Франс прес“ локалните власти.

Други детали не се соопштени.

ИЗДВОЕНИ