Во индиската држава Асам, возот „Раџдани експрес“, кој сообраќа помеѓу Саиранг и Њу Делхи, удрил во стадо слонови, потврдија железничките службеници. Трагедијата се случила околу 2:15 часот наутро во округот Хоџаи, кога, според „Индија денес“, слоновите одеднаш се појавиле на железничката пруга.
Според „Североисточна граница“ (NF Railway), машиновозачот ја активирал рачната сопирачка, но не можел да го запре возот на време и да го избегне судирот.
Иако пет вагони излегоа од шините, досега не се пријавени жртви.
Високи железнички службеници, вклучувајќи го и генералниот директор на NF Railways и директорот на одделот на Lumding Railways, стигнале на местото на настанот по инцидентот.
Под нивен надзор, патниците од погодените вагони беа привремено сместени на слободни места во други вагони.
Возот, по кратко доцнење, го продолжи своето патување кон Гувахати околу 6:15 часот наутро, а железничките власти соопштија дека дополнителни вагони ќе бидат додадени по пристигнувањето во тој град за да се обезбеди сместување за сите патници, по што возот ќе го продолжи своето патување до својата крајна дестинација.
Инцидентот, исто така, предизвика прекин во железничкиот сообраќај на делницата Џамунамуки-Кампур, управувана од NF Railways.
Службеникот за шумарство од државната дивизија Нагаон, Субхаш Кадам, изјави дека неколку возови се пренасочени, додека шумските и другите надлежни оддели започнаа со санација на областа по несреќата, пренесува „Танјуг“.












