Трагична сообраќајна несреќа во Авганистан: Повеќе од 70 лица загинаа во судир на автобус со камион и мотцикл

100
Фото:принтскрин

Повеќе од 70 лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа во провинцијата Херат на западот на Авганистан, објави тамошната полиција.

Несреќата се случила кога автобус што превезувал депортирани мигранти во Кабул се запалил откако се судрил со камион и мотоцикл, изјави портпаролот на покраинската влада Ахмадула Мутаки.

Загинаа 71 лице од кои 17 деца, пренесува „Ројтерс“.

„Поради преголема брзина и невнимание (автобус) скршна од главниот пат и силно удри во камион во покраината Херат“, соопшти полицијата.

ИЗДВОЕНИ