недела, февруари 1, 2026
Дома БАЛКАН Трагична сообраќајна несреќа во Анталија: Автобус со 34 патници излета од патот...

Трагична сообраќајна несреќа во Анталија: Автобус со 34 патници излета од патот – најмалку 8 лица загинаа, а 26 се повредени

28
Фото: принтскрин, Икс

Најмалку осум лица загинаа, а 26 се повредени во несреќа кога патнички автобус што сообраќал од Текирдаг до Анталија во Турција се превртел откако возачот не успеал да помине низ кривина.

На местото на несреќата се испратени полициски и медицински екипи, а местото на несреќата, според ТРТ Хабер, наликува на воена зона.

Полициски, медицински и противпожарни екипи се испратени на местото на настанот.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, објави дека несреќата се случила во 10:20 часот по локално време.

Автобус со 34 патници скршна од патот и се преврте во канал откако возачот не успеа да помине низ кривина.

Во несреќата загинаа осум лица, додека 26 беа однесени во блиските болници со повреди.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Иако причината за несреќата сè уште не е јасна, се верува дека патиштата биле влажни и лизгави поради дождот, што можеби придонело за несреќата на автобусот, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ