недела, јануари 18, 2026
Дома БАЛКАН Трагичен инцидент во Србија: Дваесет и осумгодишник се самоубил со оружје украдено...

Трагичен инцидент во Србија: Дваесет и осумгодишник се самоубил со оружје украдено од полициска станица

277

Високото јавно обвинителство во Ниш, Србија, нареди притвор на М. М. (29) од Медошевац поради сомнение за кривично дело нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. Апсењето се случило како дел од истрагата за исчезнувањето на голема количина оружје од полициската станица во Дољевац, а станува збор за оружјето што граѓаните го предале за време на минатогодишната акција, пишува nova.rs.

Според податоците од истрагата, дел од оружјето го сокрил сега починатиот Н. С. (28) од Ниш.

Обвинителството објави дека Н. С. се самоубил со пиштол што дошол од полициската станица во Дољевац, а неговиот братучед, сега осомничениот М. М., ѝ ја открил на полицијата локацијата каде што бил скриен остатокот од арсеналот.

„Н.С. се самоубил минатата недела со пиштол што исчезнал од полициската станица во Дољевац. Осомничениот М.М., кој е роднина на починатиот Н.С., синоќа им го покажал на полицајците местото каде што Н.С. го чувал оружјето, а на тоа место, во куќа во Медошевац, биле пронајдени 7 рачни гранати, 3 пиштоли, 4 пригушувачи, 4 рамки за пиштоли и 201 куршум од различен калибар“, се вели во соопштението.

Во септември годинава беше откриено дека од полициската станица во Дољевац исчезнале неколку стотици оружја. Станува збор за нелегално оружје што граѓаните, во согласност со законските одредби, го предале на полицијата.

ИЗДВОЕНИ