среда, јануари 21, 2026
Дома СВЕТ Трагичен инцидент во Шпанија: Една жена настрада, а две деца се тешко...

Трагичен инцидент во Шпанија: Една жена настрада, а две деца се тешко повредени по скок од десетти кат на станбена зграда

121
Фото:википедија

Жена (48) настрада денеска во Мадрид откако скокна од десеттиот кат на зграда во округот Сиудад Линеал, заедно со своите два сина, обајцата на возраст од 3 години, кои се здобија со тешки повреди.

Инцидентот се случил околи девет часот изутрина, кога соседите повикале брза помош, пренесува РТВЕ.

Шпаската полиција ја исклучи можноста за случај за насилство во семејството.

Брзата помош на местот на несреќата констатирала смрт на жената, додека двете деца се префрлени во различни медицински установи во критична состојба.

 

ИЗДВОЕНИ