Најмалку три лица настрадаа денеска, а шест се повредени откако се случи есплозија во нафтоводот на компанијата „Пемсекс“ во мескиканската држава Оахака, изјави гувернерот на Окака Саламон Хара.
Тој наведе дека по експлозијата, во градот Лома Ларга издал упатства да се пружи сета неопходна поддршка.
„Досега шест лица се повредени и се превезени поради пружање итна мецинска помош.
За жал три лица настрадаа во овој инцидент. Изразувам најдлабоко сочувство до нивните семества, рече Саломон во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Како што наведе, противпожарната служба била присутна на местото на инцидентот и веднаш реагирала, а службите за итни случаи продолжуваа да работат на обезбедување на подрачјето, намалувањена ризикот и одржување на безбедноста, пренесе „Танјуг“.












