четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Трагичен инцидент во Косово: Две деца и нивниот татко загинаа во експлозија...

Трагичен инцидент во Косово: Две деца и нивниот татко загинаа во експлозија на гас во Малишево

175

Во експлозија на гас во стан во Малишево, Косово, настрадаа две деца и нивниот татко, соопшти полицијата.

Директорот на полицијата за регионот на Ѓаковица, Љумни Граишта, изјави дека децата биле на возраст од 9 и 12 години, додека таткото имал 35 години.

Портпаролот на полицијата за регионот на Ѓаковица, Шеремет Елјезај, изјави дека околу 13 часот полицијата била известена за пожар во стан во населбата „Мирдита“ во Малишево.
Обвинителството нареди телата да бидат испратени во Институтот за судска медицина, изјави Дрин Доми, портпарол на Основното обвинителство во Ѓаковица, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ