Трагичен инцидент во Индонезија: Најмалку 13 лица настрадаа при отстранување застарена муниција

104

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во Индонезија при отстранување застарена муниција, соопштија денеска воени претставници и додадоа дека неколку лица се повредени.

Меѓу настраданите во експлозијата на Западна Јава, чиј причинител не е уште познат, се најмалку четири војници.

Се истражува дали во текот на отстранувањето на застарена муниција се почитувани безбедносни процедури. Иако далеку од населено место, таквите акции го привлекуваат локалното население кое собира метален отпад.

 

ИЗДВОЕНИ