понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трагедија во Волково: Прегазен пешак – починал на самото место

Трагедија во Волково: Прегазен пешак – починал на самото место

96

Во вечерните часови во скопската населба Волково се случила сериозна сообраќајна несреќа со фатален исход. Според првичните сознанија, пешак – маж на околу 60-годишна возраст – бил прегазен од моторно возило, при што поради тешките повреди им подлегнал на самото место.

На локацијата веднаш пристигнале полициски екипи кои извршиле увид и работат на утврдување на причините и околностите под кои се случила трагедијата.

Повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денот од страна на Министерството за внатрешни работи.

ИЗДВОЕНИ