Трагедија во Турција: Снежен нанос падна од покрив и усмрти девојка/Вознемирувачко видео

40
screenshot X

Дваесет и едногодишна девојка го загуби животот во турската област Битлис откако беше затрупано од снежен нанос што падна од покривот на зградата врз неа, нанесувајќи ѝ сериозни повреди, објави весникот „Туркије“ .

Инцидентот се случил вчера во населбата Фуар во округот Татван. 21-годишната Ајше Идер одела на испит, кога движејќи се по улица снежен нанос падна врз неа, и и нанесе смртоносни повреди.

Младата девојка, која првично добила помош од медицинските екипи испратени на местото на настанот по дојава од локалните жители, а потоа била однесена во државната болница Татван, за жал не можела да се спаси и покрај сите напори таа починала.

Инцидентот, беше снимен и на безбедносни камери.

ИЗДВОЕНИ