Тежок инцидент се случил утрово во косовскиот град Призрен, откако маж со нож и нанел смртоносни повреди на едната своја ќерка, а тешко ја ранил другата. Ја повредил и неговата сопруга.
Во полицискиот извештај стои дека Итната медицинска помош не можеле да пружат помош на двете девојки, затоа што осомничениот и натаму бил со нож во рацете, а потоа биле испратени четири полициски патроли.
„На лице место е утврдено дека осомничениот М.Г. роден 1981 година, со нож ги избодел своите две ќерки. 15-годишното девојче починало на лице место, а втората е тешко повредена и се наоѓа во Клиничкиот центар во Приштина. Таа е тешко ранета и во тешка состојба“, се наведува во соопштението.
Осомничениот исто така се повредил себе си, па и тој се наоѓа во болница. Неговата 35-годишна сопруга исто така заработила повреди. Се работи за турски државјанин кој има дозвола за привремен престој, се наведува во соопштението.