Пет лица загинаа кога туристички автобус со повеќе од 50 патници се преврте на автопат во западен Њујорк, соопшти полицијата.
Автобусот, враќајќи се од Нијагарините водопади, се преврте на автопат во близина на Пембрук, околу 30 милји североисточно од Бафало и 40 милји југоисточно од Нијагарините водопади, објави „Си-би-ес њуз“, пренесува „Танјуг“.
Според полициското соопштение, возилото ја изгубило контролата од непознати причини и завршило во канал. Во несреќата немало други возила вклучени. Меѓу загинатите немало деца.
Во автобусот имало вкупно 54 лица, вклучувајќи двајца вработени во автобуската компанија M&Y Tour Inc.
Причината за несреќата сè уште е под истрага, а механички дефект и грешка на возачот се исклучени, објави „Си-би-ес“.
Возачот на автобусот соработувал со властите и не се поднесени обвиненија.
Медицинскиот центар на округот Ери примил 24 пациенти, вклучувајќи четворица во критична состојба, додека двајца пациенти биле префрлени со хеликоптер во други болници.