Трагедија во Мексико: Воз излета од шините, 13 загинати и околу 100 повредени

13
Фото: EPA

Најмалку 13 лица го загубија животот, а околу 100 се повредени во тешка железничка несреќа што се случи во сојузната држава Оахака, сво Мексико.

Според информациите од мексиканската морнарица, меѓуокеанскиот воз, во кој се превезувале околу 250 патници, излетал од шините во близина на градот Низанде, на југот од земјата. Од повредените, најмалку 36 лица се префрлени во болница, додека на останатите им била укажана медицинска помош на самото место. Петмина од повредените се во критична состојба.

Засега не е познато дали несреќата е резултат на технички дефект, лоша состојба на пругата или други надворешни фактори.

Меѓуокеанскиот воз е дел од големиот инфраструктурен проект Меѓуокеански коридор, кој претставува алтернатива на Панамскиот канал за транспорт на стоки.

 

ИЗДВОЕНИ