Во несреќа со четирицикл, во четвртокот доцна попладне, загинаа две малолетни девојчиња. Од полицијата информираат дека во 18:05 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат во селото Колибари, Кичевско, 15-годишна малолетничка од с. Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, загубила контрола и излетала од коловозот.
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од селото Грешница, Кичевско. Лекар констатирал смрт и по наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција.
Бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кичево.