Трагедија во Индонезија: Се урна училиште, во тек е потрагата по преживеани ученици

11
EPA/FULLY HANDOKO

Спасувачите трагаат по 38 лица за кои се стравува дека се закопани под урнатините откако се урна исламско религиозно училиште во индонезиската покраина Источна Јава, додека десетици ученици присуствуваа на попладневна молитва, соопштија властите за управување со катастрофи. Најмалку тројца ученици загинаа, а 100 беа повредени во урнатините.

 

Спасувачите денеска, 12 часа по несреќата, интензивно работат на извлекување на децата од под урнатините. Се претпоставува дека бројот на загинати би можел да се зголеми, со оглед на тоа што некои повредени ученици се во тешка здравствена состојба.

Според портпаролот на полицијата, зградата се урнала додека учениците биле на попладневна молитва. Тој истакна дека зградата се урнала поради неовластено проширување и оти попуштиле темелите под двата ката бетон.

ИЗДВОЕНИ