Дете на едвај двегодишна возраст се задавило во Грција додека јадело сувлаки. Трагедијата се случила синоќа во Хераклион во вечерните часови. Според локалните медиуми, детето има само 20 месеци.
Малото девојче било со членовите на своето семејство во моментот на трагедијата, кои веднаш реагирале и го однеле детето во болница.
За жал, било предоцна.
Според гувернерот на оваа област на Крит, лекарите успеале да извадат парче сувлаки кое било заглавено во душникот на девојчето, но детето не покажувало никакви знаци на живот. Лекарите се обидувале да го реанимираат детето повеќе од еден час, но безуспешно.
Засега не е познато дали детето е странски државјанин или нејзините родители се од грчко потекло. Исто така, не е објавено дали трагедијата се случила додека семејството било дома или во ресторан.