За време на претставата на „Циркусот Пол Буш“ во Бауцен, во германската покраина Саксонија, млада циркуска уметница паднала од трапез и починала пред повеќе од 80 гледачи, од кои многу биле семејства со деца, објави Билд.
Таа паднала од трапезот на средина од претставата и неколку секунди подоцна лежела неподвижна на подот од циркуската арена.
Полицијата и спасувачките служби брзо пристигнале на местото на настанот во саботата попладне, но жената веќе починала.
Експерти од кризниот тим им пружиле психолошка поддршка на трауматизираната публика, објави Билд, објави Танјуг.
Причината за несреќата сè уште не е позната, а шаторот бил евакуиран по инцидентот. „Циркусот Пол Буш“ е познат по своите акробации, кловнови и дресура на животни, и редовно е на турнеја низ Германија.29