Трагедија во Дубровник: По тричасовна спасувачка акција, од немирното море е извлечено тело на маж од БиХ/видео

479
Фото:принтскрин , „Дубровачки дневник“, видео

Денес во Дубровник се случи трагедија во која загина маж од Босна и Херцеговина. Неговото тело беше извлечено од немирното море по повеќе од три часа долга и тешка операција за спасување, пренесе „Кликс“.

Според информациите на „Дубровник Дејли“, станува збор за граѓанин на Босна и Херцеговина кој, додека се фотографирал со своето семејство на карпите, бил повлечен во морето од силни бранови предизвикани од силен јужен ветер.

Надлежните служби добиле пријава за несреќата околу пладне, по што членови на Пристанишната управа, полицијата и Хрватската крајбрежна стража веднаш излегле на местото на настанот.

Операцијата за извлекување на телото била отежната поради бурниот јужен ветер и брановите високи над пет метри.

Капетанот на пристаништето Мато Кекез го потврдил завршувањето на операцијата.

Во операцијата учествувал и Доминко Радиќ од Дубровник, кој прв пристигнал на местото на несреќата со својот чамец, но по речиси два часа борба со брановите бил принуден да се откаже од бродот за сопствена безбедност.

Точните околности што доведоа до оваа трагедија ќе бидат утврдени со понатамошни дејствија на надлежните органи.

ИЗДВОЕНИ