Трагедија на свадба во Хрватска: Жена починала откако била погодена со сигнална ракета

45
EPA/ANTONIO BAT

Една жена почина поради сериозни повреди на главата откако била погодена со пиротехничка направа – сигнална ракета на свадбена веселба во Шибеник, Хрватска.

Таа итно била пренесена во Општата болница во Шибеник, каде што, и покрај напорите на лекарите, починала.

Полицијата во Шибеник го потврди инцидентот.

„Едно лице е приведено во полициската станица и е на сослушување, додека повреденото лице е пренесено во Општата болница во Шибеник каде што е на лекување“, изјави претходно портпаролката на полицијата Сања Баљкас.

Подоцна беше потврдено дека 52-годишниот осомничен е уапсен и донесен во полициската станица, а против него е покрената кривична истрага.

Увидот на местото на настанот е во тек, а полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности на несреќата.

Што е сигнална ракета?

Сигнална ракета е пиротехнички уред што се користи во воената, авијациската и поморската индустрија за емитување светлосни или звучни сигнали, најчесто како повик за помош или за означување позиција. Често ја користат и навивачите на спортски настани.

Откако ќе се испали, таа произведува силна светлина (црвена или бела) или гласен шум. Поради големата брзина на лансирање, може да биде опасна ако не се ракува внимателно, како што за жал покажа оваа трагедија.

ИЗДВОЕНИ