Трагедија на новогодишната ноќ во Швајцарија: Десетици загинати во пожар во ски-центар/ВИДЕО

370
EPA/ALESSANDRO DELLA VALLE

Швајцарските власти на прес-конференција потврдија дека пожарот што избувна на новогодишната ноќ во барот „Ле Констелашн“ во алпскиот ски-центар Кран-Монтана загинаа десетици луѓе, а околу стотина беа повредени, многу од нив сериозно.

Командантот на кантоналната полиција во Вале, Фредерик Гислер, на прес-конференција изјави дека трагедијата била од размери што ретко се гледаат, додека претседателот на кантоналната влада, Матијас Рејнард, рече дека станува збор за голема трагедија што се случила за време на вечерта наменета за прослава.

„Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“, рече Рејнард, додавајќи дека мислите на властите се и со оние што беа сериозно повредени.

Главниот јавен обвинител на кантонот Вале потврди дека е покрената истрага за причината за пожарот. На кантоналните власти им помага во истрагата Институтот за судска медицина во Цирих, а дел од процесот вклучува и идентификување на починатите.

Властите им се заблагодарија на сите служби за итни случаи кои учествуваа во бараното спасување и лекување на големиот број жртви, додека нови информации за медицинската состојба на повредените ќе бидат објавени во текот на денот.

Дневниот весник „Блик“, повикувајќи се на лекар на местото на настанот, објави дека бројот на жртви може да биде во „десетици“.

Регионалниот дневен весник „Ле Нувелист“ објави дека неговите извори опишале „голем број жртви“, со „околу 40 мртви и 100 повредени“.

ИЗДВОЕНИ