недела, август 23, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија на Халкидики: Србин пронајден мртов на плажа

Трагедија на Халкидики: Србин пронајден мртов на плажа

0

56-годишен српски државјанин е пронајден мртов на плажа во морската област Трани Амуда кај Агиос Николаос, на грчкиот полуостров Халкидики, соопштија денес грчките власти.

Мажот бил извлечен во несвест од морето во близина на Агиос Николаос, по што локален спасител се обидел да му пружи прва помош, на што човекот не реагирал.

Потоа бил пренесен со брза помош во локален здравствен центар, каде што била прогласена за мртов, објавува грчкиот портал „Нафтемборики“.

Третиот оддел на пристанишната управа на пристаништето Неос Мармарас во Иерисија, кој спроведува прелиминарна истрага, наредил обдукција во Службата за судска медицина во Солун.

ИЗДВОЕНИ