Трагедија без предупредување: Се урна „планина“ од ѓубре на Филипините, едно лице загина, 38 се водат за исчезнати

104
Фото: Facebook Nestor Archival

„Планина“ од ѓубре и остатоци се урна во депонијата во селото Биналив во Себу Сити, Филипини, при што загина едно лице, десетици беа повредени, а 38 лица се водат како исчезнати.

Спасувачи извлекоа 13 живи во текот на ноќта, додека потрагата по преостанатите заробени лица продолжува, објави АП. Уривањето се случи ненадејно, уништувајќи ги објектите каде што работниците сортираа материјали за рециклирање и ѓубре.

Градоначалникот на Себу, Нестор Аривал, рече дека сите тимови за одговор остануваат ангажирани и дека се почитуваат безбедносните протоколи.

Ваквите депонии долго време претставуваат ризик за безбедноста и здравјето, особено во сиромашните заедници, а слична катастрофа се случи во Кезон Сити во 2000 година кога загинаа повеќе од 200 луѓе, потсетува АП.

ИЗДВОЕНИ