Најмалку пет лица загинаа кога патничкиот траект KM Barcelona VA, кој пловел од островите Талауд до Манадо, се запалил покрај брегот на Северен Сулавеси, објави британскиот The Sun, повикувајќи се на службата за пребарување и спасување во Манадо.
На бродот имало 280 патници, а пожарот ги принудил луѓето да скокнат во морето за да избегаат од пламенот.
Според локалните власти, до 16:00 часот по локално време се потврдени четири смртни случаи, но бројот на жртви може да биде поголем. Спасувачката операција сè уште е во тек: околу 150 луѓе се извлечени од морето од службите за итни случаи и локалните рибари. Останатите патници се водат како исчезнати.
Бродовите KM Barcelona III, KM Venecian и KM Cantika Lestari 9F беа испратени на местото на несреќата, а причината за пожарот сè уште не е утврдена.
Траектите во Индонезија често имаат проблеми поради застарена опрема и слаби безбедносни контроли, додава The Sun.