Традиционалните хартиени билети за париското метро заминуваат во историјата

9
Фото:википедија
Традиционалните хартиени билети за париското метро наскоро ќе бидат минато, продажбата на хартиени билети е запрена во целиот париски мрежен систем на метрото и пригратската железница, соопштија париските сообраќајни служби РАТП, пренесува „Танјуг“.
Наместо нив, се воведуваат електронски карти со дополнување и со сезонска претплата, како и карти за паметен телефон, кои веќе ги користи голем број патници.
Понудата на хартиени билети постепено беше намалувана.
Пред две години беше укинат популарниот пакет од 10 поединечни билети по намалена цена, омилен меѓу туристите. Оној кој се уште има хартинени билети за едно користење, може да ги искористи до идната година.
Укинувањето на хартиените билети треба да придонесе за заштита на животната средина.
РАТП процени дека секоја години продава повеќе од 500 милиони хартиенни билети, кои потоа завршуваат во отпад или на улиците.
Хартиените билете се воведени со отврањето на првата линија на париското метро пред 125 години. Оттогаш, дизајнот на картите бил променет многу пати.
За туристите во Париз во иднина ќе биде најдобро да си набават повторно карти со дополнување „Навиго изи“.
На нив на автоматите може да се преземат повеќедневни претплати, посебно наменети за посетителите. Исто така, на „Навиго ези“ картичката, туристите ќе можат да вчитаат точно онолку поединечни парти колку што им се потребни во текот на престојот во Париз што понекогаш може да биде значително поевтини од повеќедневна карта.
Постои и можност за купување и валидација на картата по пат на паметен телефон, меѓутоа, едноставното користење кредитни картички наместо карти, како што е тоа достапно во Лондон и во многу други големи градови, во Париз не е овозможено.

ИЗДВОЕНИ