четврток, февруари 26, 2026
Дома СКОПСКА Традиционални „Василичарски вечери“ по осми пат  

Традиционални „Василичарски вечери“ по осми пат  

299

Општина Ѓорче Петров ги поканува граѓаните на традиционалните „Василичарски вечери“ во населбата Даме Груев, кои оваа година ќе се одржат по осми пат, како симбол на континуитетот, заедништвото и почитта кон нашата традиција.

„Василичарските вечери“ ќе се одржат утре во 18:00 часот ,кај месната заедница „Даме Груев“, со празничен дух, василичарски оган и радост за сите генерации.

– Да се собереме, да ја негуваме традицијата, да ги чуваме нашите вредности и да ја започнеме новата година сплотени, силни и обединети – повикуваат од Општина Ѓорче Петров.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ