Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа манифестацијата Бадник 2026.
Кум на годинашното одбележување е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар е музичарот Јаков Дренковски. Новите кумови и здравичарот со пајтон ќе пристигнат заедно со минатогодишниот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров.
Потоа во присуство на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан и свештенослужители го изведоа чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп на новите кумови, по што ќе се обрати поглаварот на МПЦ и ќе се освети погачата.
Целата церемонија директно беше пренесувана на Првата програма на Македонското Радио. Традиционално овој пренос се прави на радиото од првиот ден од репортерски извештај на тогаш млад новинар Драган Антоновски и тогашните уредници, основачи на оваа бадникарско дружење новинарите Мојсо Мојсовски и Марко Илковски.
По завршувањето на церемонијата, новиот кум и здравичарот со пајтон го напуштија храмот „Свети Климент Охридски“ и ќе се упатат кон своите домови поздравени од скопјани.
Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска се одржа манифестацијата „Бадникови поворки“ во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.
Фото:П.Стојановски




















