Традиционална крводарителска акција „Голема Богородица“

10

Под мотото „Од срце за срце – капка крв што значи живот“,   Црвениот крст  Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина в четврток ќе  ја организира 23. по ред традиционална крводарителска акција во чест на празникот „Голема Богородица”.

Акцијата ќе се одржи во  Домот на АРМ, со почеток од 09:00 до 17:00 часот и на неа се очекува да бидат донирани од 180 – 200 крвни единици.

Дарувањето крв претставува директен придонес и помош за спасување на животите на сите оние на кои крвта им е потребна во дадени критични состојби, било да се тоа несреќи, операции, сериозни болести. Преку доброволното дарување секој од нас ја покажува својата хуманост и солидарност, го покажува својот придонес за стабилни резерви на крв во здравствениот систем и негово непречено функционирање – нагласуваат од Црвениот крст.

Оттаму ги покануваат сите здрави граѓани на возраст од 18 до 65 години да земат учество во оваа хумана мисија и да спасат нечиј живот.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ