Традиционален Новогодишен базар во Марино   

36

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина  Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино.

– Новогодишниот базар, кој ќе одржува од 26 до 28 декември, ќе понуди богата и разновидна празнична програма наменета за сите генерации. Покрај музичките настапи, посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнична гастрономска понуда, топли пијалаци, детска и хуманитарна програма, дружење со Дедо Мраз, како и бројни забавни активности – најавуваат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски,  одржал средба со македонскиот рапер и продуцент, Тони Петковски, познат како Тони Зен и младиот музички артист Христијан Настески, познат како Пајак. На средбата биле разгледани можностите за тековна и идна соработка, како и нивното учество во музичката програма, која ќе биде дел од новогодишните случувања.

– Општина Илинден и понатаму останува посветена на поддршката и на организацијата на културно-забавни настани, со цел да се негува празничниот дух, да се збогати општествениот живот и да се создаде пријатна атмосфера за сите жители во овој празничен период – велат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ