Традицијата посилна од предупредувањата, а чистиот воздух и здравјето… на последно место: Бадникови огнови во скопските населби/ФОТО

727
Фото.П.Стојановски

Во пресрет на Бадник и Божиќ, денеска традиционално се собираа бадникови гранчиња, а вечерва симбол се бадниковите огнови и заедничка посна трпеза кои се палат во многу скопски населби и на други места во државата.

Манифестацијата редовно се одржува и покрај апелите секоја година таа да биде поретка поради големото загадување кое е карактеристично за овој период.

Бадниковите огнови, какви што денес се палат по маалата и јавните простори, Македонската православна црква, пак, ги смета за народен обичај кој со текот на времето добил и елементи што не се дел од изворното христијанско учење. Црквата апелира бадниковите огнови да не се злоупотребуваат, ниту да се претвораат во повод за несовесно однесување, нарушување на јавниот ред или загрозување на безбедноста.

Фото:П. Стојановски

ИЗДВОЕНИ