петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Товарен брод се запали во Црното Море кај Романија: Еден член на...

Товарен брод се запали во Црното Море кај Романија: Еден член на екипажот загинал, тројца се водат како исчезнати

0

Еден член на екипажот загинал, а тројца се водат како исчезнати по избувнувањето на пожар на товарен брод во Црното Море, во близина на романскиот брег.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека бродот е „тешко оштетен, превртен и постои непосредна опасност да потоне“.

Според медиумските извештаи, бродот бил погоден од дрон.

Бродот „Хорив“, кој плови под знамето на Коморите, моментално гори на 13 наутички милји источно од пристаништето Констанца, соопшти Романската поморска управа. Екипажот се состоел од 10 украински и тројца азербејџански државјани.

Веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај „MarineTraffic“ покажува дека бродот тргнал од Турција на 21 октомври, упатувајќи се кон романското пристаниште Сулина.

Овој месец, дронови нападнаа седум товарни бродови во близина на бреговите на Романија и Бугарија во Црното Море, што ги зголемува стравувањата дека војната во Украина би можела да се прошири и во овој регион, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ