Екипата на Мекларен доминираше оваа сезона во Формула 1, освои титула кај возачите (Ландо Норис), но и во конкуренција на конструктори, нешто што не им се случило дури 27 години (1998 година).
Титулата кај конструкторите беше освоена, втора по ред, додека Ландо Норис излезе како победник во борбата за титулата светски шампион кај возачите.
За Мерцедес, сезоната беше обележана со сува година без ниту еден трофеј, но Тото Волф не криеше дека и тој гледа дел од сопствената работа во успехот на Мекларен.
Шефот на Мерцедес нагласи дека е „убаво“ за него да види дека моторот на Мерцедес одиграл значајна улога во искачувањето на Мекларен до врвот.
Тимот од Вокинг користи погонски единици на Мерцедес од 2021 година, по неуспешните соработки со Хонда и Рено.
Додека Мерцедес, според новите правила, воведени во 2022 година, најмногу се мачеше со формата и темпото, Мекларен направи огромен напредок од сезона во сезона. Токму овој контраст дополнително ја нагласи иронијата на целата ситуација – Мерцедес без титула, но со мотор што го напојува болидот што го освои шампионатот.
- Тие се вистински светски шампиони. Направија извонредна работа минатата година. Направија многу добра работа и оваа година. Дури и кога беше тесно, среќен сум за тој тим, истакна Волф.
Сепак, една реченица што индиректно нè потсети на улогата на Мерцедес во тој успех привлече посебно внимание.
- Очигледно, тоа што има мотор на Мерцедес таму е убава работа, рече Волф.
Мерцедес ја заврши сезоната на второто место во пласманот на конструктори, но со огромна разлика во бодови зад Мекларен. Таквиот исход дополнително ја нагласи разликата помеѓу двата тима, и покрај фактот дека тие ја делат истата технологија на мотори.
- Во основа, чувството што го имам е дека завршивме втори во шампионатот и тоа е за почит, вели Волф.
За Мерцедес, титулата на Мекларен е потсетник за тоа колку брзо можат да се променат работите во Формула 1, а за Мекларен, тоа е потврда дека конечно го пронашле вистинскиот пат.











