Еден од најтрофејните возачи во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, се приклучи на Мерцедес во 2013 година и оттогаш го предводеше подемот на тимот до тоа да стане една од најдоминантните сили во историјата на овој спорт. Тој освои шест светски титули за осум години, означувајќи една златна ера за тимот од Бракли.

Во тој период, Хамилтон разви и силно пријателство со шефот на тимот, Тото Волф. Нивниот однос остана силен дури и откако Хамилтон одлучи да се пресели во Ферари оваа сезона. Сепак, токму оваа блискост беше главната причина зошто преговорите за договори станаа исклучително тешки.

Волф објасни дека разговорите честопати траеле со месеци и биле непријатни за двајцата.

За разлика од повеќето возачи, Хамилтон долго време одбиваше да ангажира менаџер и претпочиташе сам да преговара за своите договори. Ова значело часови и часови разговори со Волф, надвор од патеката.

На крајот, во 2023 година, сепак одлучи да ја остави работата на менаџерскиот тим, признавајќи во тоа време дека сè било „многу стресно“ за него.

  • Секогаш е многу покомплицирано кога преговараш со некој што ти е пријател. На пример, Луис и јас, тоа секогаш беше проблем. Бевме најдобри пријатели две и пол години, се сложувавме сто проценти, споделувавме приватни животи. Потоа имаше период на преговори од два месеца. И двајцата го мразевме тоа. Зошто? Бидејќи во таа ситуација можеби нема да се согласат двете страни. На крајот, се сменивме и донесовме некој што ја работи таа работа, па ситуацијата беше решена за неколку дена. Затоа секогаш ќе биде комплицирано со сите возачи. Од една страна, сакате да го одржите добриот однос, од друга страна, преговорите се понекогаш тешки, а тешко е кога на другата страна е емотивен спортист, не некој што се справува со тоа секој ден, објасни шефот на Мерцедес.

Инаку, неодамна свој коментар на оваа тема даде и поранешниот тимски колега на Хамилтон од редовите на Мерцедес, Нико Розберг, кој го опиша Волф како „ужасен за преговори“, тврдејќи дека Австриецот често може да исчезне и да стане недостапен за време на разговорите.

 

ИЗДВОЕНИ